Претходна статија
Од 16 до 18 март архитектонски симпозиум „Викенд со Орис“ во Дубровник
Следна статија
Во Гази Баба ќе се реконструираат покривите на 10 станбени згради

Готов е проектот за изградба на автопатот Скопје – Блаце

Објавено на 05.03.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска потврди дека е завршена изработката на проектната документација за автопатот од Скопје до граничниот премин „Блаце“. „Проектот за патот од Скопје до Блаце во должина од 13 километри, чија проценета вредност е 63 милиони евра, е завршен и е на ревизија. Зборувавме и со Европската банка за обнова и развој да ја финансира изградбата на автопатот“ изјави вицепремиерот Анѓушев.

 

 

Паралелно со проектирањето од македонска страна, Косово веќе подолг период ја гради автопатската делница од Приштина до граничниот премин „Блаце“, со вкупна должина од 60 километри. Вториот сегмент од автопатот „Арбен Џафери“ е веќе завршен, а плановите на косовската влада се автопатот на косовска страна да биде пуштен во употреба до крајот на 2018 година. Македонската влада веќе најави дека планира да ја почне изградбата на македонскиот дел од автопатот до крајот на оваа година.