Претходна статија
Од 13 март изложба „Пре-фабрикати: Растечките куќи на Скопје“
Следна статија
Богданци годинава ќе добие Генерален урбанистички план

Официјална конференција за ФИДИК договори во градежништвото се одржа во Скопје

Објавено на 27.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Асоцијацијата на инженери консултанти на Македонија (АЦЕМА) вчера во Скопје ја организираше првата официјална конференција за ФИДИК договори за градежништвото. На настанот се обрати министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, којшто го потенцираше значењето на меѓународните договори на ФИДИК при реализацијата на крупните градителски проекти во земјава.

 

*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

„Следејќи го динамичниот развој на модерните договори за градење, Република Македонија отвори широко поле за употреба на применливата пракса која ги вклучува меѓународните договорни услови. Нашата земја е влезена во еден инвестициски циклус во изградба на нова патна и железничка мрежа. За најголем дел од овие проекти се склучени меѓународни договори во кои се применуваат условите од ФИДИК“ изјави министерот Горан Сугарески во своето обраќање.

 

Министерот Сугарески нагласи дека општите услови на ФИДИК договорите многу јасно ги дефинираат односите помеѓу надзорот, инвеститорот и изведувачот со јасни рокови и одговорности за секоја страна, што е многу значајно при реализација на проектите. Тој ги спомена и проектите кои се реализирани во нашата земја, за кои договорните страни ги користеле општите услови од ФИДИК договорите. Свое обраќање на вчерашниот настан имаше и извршниот директор на ФИДИК Енрико Винц.