Претходна статија
Официјална конференција за ФИДИК договори во градежништвото се одржа во Скопје
Следна статија
Студеничани со приватен партнер ќе го решава проблемот со водоснабдувањето

Богданци годинава ќе добие Генерален урбанистички план

Објавено на 27.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Најдоцна за 10 месеци треба да биде изработен новиот Генерален урбанистички план за Богданци. Планот ќе опфати површина од 388 хектари и се очекува неговата изработка да чини околу 1,8 милиони денари. Изготвувањето на овој документ се одложува веќе неколку години наназад, а локалните општински власти во претходните години во неколку наврати ја ветуваа изработката на оваа урбанистичка документација, но не ја завршија со успех целата постапка. Заинтересираните компании имаат рок до 19 март за да ги достават своите понуди за учество на тендерот распишан од општината. Главен критериум за избор е најниска понудена цена.