Претходна статија
Ќе се гради атмосферска и фекална канализација на „Московска“ и „Александар Урдаревски“
Следна статија
Со отстранувањето на споменикот на Ќосето започнува справувањето со „Скопје 2014“

Злокуќани и Бардовци ќе бидат идните точки на урбанизација во Општина Карпош

Објавено на 22.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Урбанистички развиените и плански изградени населби во Општина Карпош да се ослободат од изведбата на нови градби, а планската урбанизација да се насочи кон периферните делови на општината, вклучувајќи ги тука населбите Бардовци и Злокуќани. Ваквите мислења ги изнесе Комисијата за урбанизам при општина Карпош, која ја одржа својата втора седница. Главната цел на општинските власти ќе биде да се обезбеди рамномерен развој на сите урбани заедници на нејзината територија.

 

*Извор на фотографија: Општина Карпош

 

За членови на Комисијата на урбанизам се именувани: Владимир Кироски, Зорица Китанова, проф.д-р Влатко Коробар, Дејан Диневски и Андријана Андреева. Во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, оваа комисија ќе ја изработува планската програма за деталните урбанистички планови, ќе дава стручно мислење на предложените урбанистички планови, ќе доставува предлози до градоначалникот за прифаќање или неприфаќање на планска програма за изработка на урбанистичко – планска документација и ќе спроведува јавна презентација и јавни анкети при одобрување на локалната урбанистичко – планска документација.