Град Скопје ќе инвестира околу 23,2 милиони денари за изградба на подземната инфраструктура на улицата „Московска“ во Општина Карпош и на улицата „Александар Урдаревски“ во Општина Бутел. Во наредните пет месеци на улицата „Московска“ ќе гради водоводна, фекална и атмосферска канализација помеѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодисиј Гологанов“. Изведувач на градежните работи е струмичката фирма „Жикол“.
Општинските власти ќе градат атмосферска канализација на улицата „Александар Урдаревски“, на потегот од кружниот тек до улицата „Бутелска“ во населбата Бутел. Градежниот зафат ќе се изведе во рок од шест месеци, а за овој проект од градскиот буџет се издвоени 11.835.057 денари. Активностите на терен ќе ги изведува фирмата „ЈУ-БАЈ 2 Амет“ од скопското село Бојане.