Претходна статија
Зелени вертикални градини во Македонија-нов тренд во ентериерното уредување
Следна статија
Заврши изработката на проектот за изградба на пругата од Крива Паланка до Деве Баир

Исцрпени се субвенциите за купување на печки на пелети

Објавено на 21.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерството за економија информира дека се исцрпени планираните средства од државниот буџет за 2018 година наменети за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети. Македонските домаќинства ја имаа можноста да достават барање за субвенција за купување на овие грејни тела на јавниот повик што беше објавен на 31 јануари. Доделувањето на средствата се вршеше по принципот „прв дојден прв услужен“, со што се исцрпија планираните годинешни средства за оваа намена во висина од 14 милиони денари. Граѓаните кои добиле средства за оваа намена допрва ќе бидат објавени во листата на баратели.

 

„Тоа значи на сите оние кои купија печки на пелети, по објавувањето на јавниот повик на 31 јануари 2018, и аплицираа со потребните документи, им се овозможи надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50%, но не повеќе од 500 евра во денарска противредност по домаќинство“ информираат од Министерството за економија.