Претходна статија
Реконструкцијата на улица „Александар Урдаревски“ во Бутел ќе чека подобри времиња
Следна статија
Со европски пари земјоделците ќе добијат нови системи за наводнување

Помал број на превезени патници со автобуси кон крајот на 2017 година

Објавено на 20.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Државниот завод за статистика регистрирал намалување на вкупниот број на патници превезени со автобуси во четвртиот квартал од 2017 година. За 5,9% е намалена бројката на превезени лица во патниот патнички превоз, така што со автобуси лани се транспортирани 79.892.000 патници. Во однос на истиот период од 2016 година, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 8,8%, додека во приградскиот превоз намалувањето изнесува 3,1%. Севкупно земено, јавниот градски превоз во македонските општини лани го користеле 42.976.000 патници, додека во приградскиот транспорт се регистрирани дополнителни 29.141.000 патници.

 

 

Наспроти ваквиот тренд кај градско-приградскиот транспорт, статистичарите за четвртиот квартал од минатата година регистрирале и зголемување на бројката на превезени патници во меѓуградскиот превоз за 2,6%, но и раст за 9,5% кај превезените лица во меѓународниот транспорт. Со автобуси надвор од нашата земја во 2017 година патувале вкупно 868.000 патници. Меѓуградскиот автобуски превоз лани превезол 6.907.000 патници.