Претходна статија
„Тинекс“ доби нов дистрибутивно - логистички центар во општина Петровец
Следна статија
Првиот електричен автобус во Скопје ќе почне да сообраќа во април

Владата со поддршка за развојот на обновливите извори на енергија

Објавено на 16.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и македонската влада ќе ги помагаат проектите за изградба на енергетски капацитети за производство на сончева и ветерна енергија. Вицепремиерот Кочо Анѓушев денеска изјави дека новиот Закон за енергетика ќе овозможи зголемено учество на обновливата енергија во целокупното производство на електрична енергија. ЕБОР ќе помогне со грант од 500.000 евра за обезбедување на техничка помош за искористување на обновливите извори на енергија во Македонија.

 

 

„Техничката помош од ЕБОР ќе помогне во подготовката на тендерската документација за изградба на нови електрани од обновливи извори на енергија согласно новиот Закон за енергетика. Со ова ќе се допринесе за реализација на плановите на Владата енергијата од сонце да се искачи до 200 мегавати, а од ветер до 150 мегавати“ изјави вицепремиерот Анѓушев. Воедно, тој додаде дека во моментов во нашата земја има ветерни електрани со инсталирана моќност од само 36,8 мегавати, додека инсталираната моќност на фотонапонските централи е 16,8 мегавати.

 

Директорката на ЕБОР за Централна и Источна Европа, Шарлот Руе на денешната прес – конференција изјави дека техничката помош од нивната банка за Македонија ќе значи намалување на зависноста од увоз на електрична енергија и намалување на производството на електрична енергија од јаглен од страна на постојните капацитети.