Јавното претпријатие за државни патишта потпиша договор за изработка на инфраструктурен проект за изградба на автопатот Букојчани – Кичево, којшто вклучува изведба на тунел при идните градежни зафати. Фирмата „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл“ од Скопје е избрана за да ја подготви документацијата во рок од 10 месеци. Договорот е потпишан на почетокот од февруари и ќе ја чини државата 1.681.500 денари.
Изработката на инфраструктурниот проект следува по завршувањето на основниот проект за автопатската делница од гостиварското село Букојчани до Кичево. Овој сегмент од трасата е дел од идниот автопат Гостивар – Кичево со планирана должина од 42 километри. Изготвувањето на целокупната проектна документација е предуслов за обезбедување на поволни кредити од меѓународните финансиски институции при идната реализација на проектот.