Претходна статија
И неизградбата на штипскиот аеродром постана инвестиција за владата
Следна статија
Намалена бројката на предвидени станови за градење во декември 2017 година

41,6 милиони денари за изградба на фекална канализација во прилепскиот и струшкиот регион

Објавено на 12.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Министерството за транспорт и врски потпиша два договори за изградба на фекална канализација во неколку села од прилепскиот и струшкиот регион. Во прилепското село Големо Коњари ќе се изведуваат два канали од канализационата инфраструктурна мрежа во вредност од над 10,9 милиони денари. Во струшките села Короишта, Ливада и Ложани ќе се инвестираат над 30,6 милиони денари за изградба на секундарната мрежа за фекална канализација. За двата проекта во вредност од над 41,6 милиони денари беа распишани тендери кон крајот на октомври 2017 година.

 

За изведувачи на двата инфраструктурни зафати се избрани велешката фирма „Изгрев Инжењеринг“ и „Илинден АД“ од Струга. Доведувањето на канализационата мрежа во струшките села е предвидено да се заврши во рок од 12 месеци, односно до почетокот на 2019 година. Инфраструктурниот проект во прилепско Големо Коњари ќе се изведе во временски период од седум месеци.