Претходна статија
Државата ќе плаќа и до 50% од трошоците за купување печки на пелети
Следна статија
Распишани три тендери за реконструкција на електропреносната мрежа во Македонија

Поништено е одобрението за градење на Шпанските скали

Објавено на 11.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ донесе решение со кое го поништи и го огласи за ништовно издаденото одобрение за градење на фирмата „Амадеус Девелопмент“ за изградба на објект за комерцијални и деловни намени на улицата „11 Октомври“. На оваа локација од плоштадот „Македонија“ требаше да се гради „барокен“ деловен објект со Шпански скали на земјиштето од 1.046 метри квадратни, кое беше отуѓено во октомври 2013 година. Фирмата за оваа атрактивна парцела тогаш плати над 1,5 милиони евра. Општина Центар во 2015 година издаде одобрение за градење за објектот, но денес ваквата градежна дозвола ја поништи.

 

 

„Надлежните од општината констатирале, дека инвеститорот во рок од две години по правосилноста на решението, колку што пропишува Законот за градење, не започнал со изградба на објектот“ информираат од општина Центар. Со поништеното решение се става вон сила изградбата на Шпанските скали на плоштадот „Македонија“.

 

За изградбата на „барокниот“ деловен објект со Шпански скали беше донесена одлука од Советот на град Скопје за ослободување на инвеститорот од плаќање на комуналии. Претходното раководство на градскиот совет во 2015 година ја изгласа одлуката за изградба на овој објект, бидејќи површината на која тој требаше да се гради е под надлежност на Град Скопје.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект