Претходна статија
Пролетва ќе стартува изградбата на новиот експресен пат кон Бугарија
Следна статија
Албанија го помести патниот Коридор 8 од Ќафасан на Дебар

Ќе се одолговлечи доградбата на водоснабдителниот систем во Гостивар

Објавено на 07.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Наместо да почне да го гради годинава, Министерството за транспорт и врски ќе мора да почне нова тендерска постапка за избор на изведувач на цевководот од водоснабдителниот систем во Гостивар. Распишаниот тендер од почетокот на октомври 2017 година е поништен од страна на Државната комисија за жалби, а со тоа за проектот вреден 1,8 милиони евра се одложува за неколку месеци.

 

 

Капиталниот проект за Гостивар се реализираше во изминативе неколку години преку соработка на локалната самоуправа со централната власт. Изведбата на цевководот е следната фаза што треба да се спроведе. Во 2015 година беше пуштена во употреба филтер – станицата на гостиварскиот водовод, инвестицијата вредна 2 милиони евра.