Претходна статија
Ќе почека втората фаза од обновата на спортската сала „Младост“ во Битола
Следна статија
Започнува втората фаза од реконструкцијата на водоводот во Ресен

Се проширува трговскиот центар „Палма Мол“ во Тетово

Објавено на 03.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Најголемиот трговски центар во Западна Македонија, „Палма Мол“, кој се наоѓа пред самиот влез на Тетово, наскоро ќе стане уште поголем. Комерцијалното здание со бруто површина од 32.000 метри квадратни во моментов се проширува поради зголемениот интерес од странски фирми и компании, меѓу кои големи и средни корпорациски фирми. Од „Палма Мол“ информираат дека веќе се склучени преддоговори со неколку големи странски популарни брендови. Некои од нив за првпат ќе бидат отворени токму во „Палма Мол“, а наскоро ќе бидат и јавно објавени.

 

 

Покрај проширувањето на површината на трговскиот центар, „Палма Мол“ во иднина ќе има поголем и стандардизиран паркинг – простор, уреден парк и простор за рекреација. Трговскиот центар „Палма Мол“ беше отворен за посетителите во април 2014 година. Проектот за ова здание го изработи архитектонската куќа „ДСЦ Дизајн“ од Скопје. Трговскиот центар во моментов има над петстотини вработени кои се во редовен работен однос, а целта е во иднина бројот да биде многу поголем.