Инвеститорот „Боров еликсир“ од Скопје планира да гради туристички комплекс за здравствен и рекреативен туризам во Берово. Комплексот би се протегал на површина од 5,5 хектари, а во негови рамки е предвидено да се градат хотел со пет ѕвездички, бунгалови, базен, мини езеро, здравствено – рекреативен објект, спортски игралишта, подземен и надземен паркинг простор. За милионската инвестиција во текот на изминатиов период е изработена физибилити студија, идеен проект, проектна програма и основен проект.
До општинските власти во Берово е доставено барање за издавање на одобрение за градење на овој комплекс, а локалната самоуправа во моментов ја спроведува постапката за издавање на градежна дозвола. Туристичкиот комплекс е треба да им понуди на посетителите рекреативен, здравствен, спортски, деловен и други видови на туризам. Проектот е предвидено да го реализира македонски инвеститор, а коинвеститорот во него е од Германија.