Претходна статија
Ќе се реконструира пристапниот пат до браната „Козјак“
Следна статија
Македонија и Србија на чекор пред изградбата на заеднички железнички граничен премин во Табановце

За 4 месеци ќе биде изработен проектот за заштита од бучава на македонските автопати

Објавено на 27.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Јавното претпријатие за државни патишта го потпиша договорот за изработка на проектна документација за заштита од бучава на делници од паневропските Коридори 8 и 10. Во текот на годинава ќе биде изготвен проект, по што јавното претпријатие ќе може да инвестира во  изведба на звучни брани долж македонските автопати. Фирмата „Геомап дизајн“ од Скопје е избрана за да ги подготви неопходните документи во период од четири месеци, при што за оваа намена ќе бидат издвоени 1.156.400 денари. Тендерот за избор на најповолен изведувач беше објавен на почетокот од ноември 2017 година. 

 

 

Воведувањето на звучните брани е неопходна мерка за заштита од бучава на граѓаните кои живеат непосредно до патиштата. Постојаната бучава во близина на домовите има штетни последици за населението, така што во европските земји е задолжително поставувањето на вакви инфраструктурни објекти на самите патишта. Воедно, звучните брани оневозможуваат претрчување на животни и луѓе на коловозот, со што се зголемува безбедноста во одвивање на сообраќајот.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk