Претходна статија
На двете вртелешки од „Скопје 2014“ ќе им се најде нова локација
Следна статија
Студентски трудови од Архитектонски факултет изложени во Осло

Новиот мултимедијален културен центар во Штип ќе го носи името на Киро Глигоров

Објавено на 25.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Новиот објект на мултимедијалниот културен центар во Штип ќе го носи името на првиот македонски претседател Киро Глигоров. Изградбата беше завршена пред повеќе од една година, но општинскиот совет на претстојната седница ќе одлучува за неговото именување. Штипскиот градоначалник Благој Бочварски на денешната прес-конференција најави дека во објектот ќе биде отворена спомен соба на Киро Глигоров. Во неа ќе бидат изложени неговите книги и пијано, издадените публикации од првиот претседател на земјава и други лични предмети, коишто беа подарени на општина Штип од семејството.

 

*Извор на фотографија: Општина Штип

 

„Нашата институција ја презема одговорноста да води грижа и за предметите коишто некогаш биле во лична сопственост на претседателот Киро Глигоров, но и за зачувувањето од заборав на неговите лични достигнувања“ изјави градоначалникот Бочварски. Мултимедијалниот културен центар во Штип ќе биде новото збирно место за уметниците во градот, поаѓајќи од фактот што во него е предвидено да се одржуваат културни манифестации, семинари и видео проекции. Објектот зафаќа површина од 750 метри квадратни, а неговата изградба започна во мај 2014 година. За изведба на ова здание се издвоија 450.000 евра, од кои најголем дел се обезбедија од европските ИПА фондови.