Претходна статија
Студентски трудови од Архитектонски факултет изложени во Осло
Следна статија
Ќе се реконструира пристапниот пат до браната „Козјак“

Во Тетово годинава ќе се доградат две од трите клучни сообраќајници

Објавено на 25.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Тетово годинава планира да ја започне доградбата на две од трите најважни сообраќајници во градот. Локалните власти со финансиски средства од европските ИПА фондови сака да ги пробие булеварите Илинденска и Индустриска, со што во значителна мерка би се намалил сообраќајниот метеж во Тетово. За двата капитални проекти ќе бидат потребни околу 130 милиони денари. Ако Министерството за финансии ги одобри средствата за овие проекти, тогаш градежните работи за пробивање на двата булевара би почнале уште во март годинава.

 

 

Целокупната проектна документација за доградба на овие булевари веќе е изготвена. Булеварот Индустриска би се доградил за дополнителни 1,5 километри, додека булеварот Илинденска би се пробил во должина од 700 метри. Од Општината очекуваат дека со реализацијата на овие два проекти ќе се намали бројот на автомобили во централното градско подрачје. Со булеварите ќе се обезбеди транзитна сообраќајна врска за возилата што сообраќаат кон Косово, но и дополнителната врска со автопатот Тетово – Гостивар.