Претходна статија
Ем доцни, ем поскапува реконструкцијата на објектот на Албанскиот театар
Следна статија
ТЕМА: Железницата во 2018 година - сериозни инвестиции или големи проблеми?

Тркалезна маса за Законот за градење в понеделник во ГЕМ

Објавено на 19.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Публикацијата „Партиципативен и транспарентен развој на одржлива политика за градење – Анализа на изработка и донесување Закон за градење“ ќе биде презентирана во понеделник (22 јануари), со почеток од 12 часот, во просториите на ГЕМ (Менада) во Старата скопска чаршија. Во рамки на претстојниот настан ќе се одржи и дебата за унапредување на изработката на Законот на градење, на која учествуваат претставници од Министерството за транспорт и врски, локалната самоуправа, асоцијации, комори, здруженија на граѓани и архитекти.

 

 

Во рамки на тркалезната маса ќе бидат изнесени оформените сознанија од изработената публикација, кои се однесуваат на Законот за градење. Публикацијата е изработена во рамки на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност“ и е поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија и Евротинк.