Претходна статија
Годинава ќе започне реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола
Следна статија
Ем доцни, ем поскапува реконструкцијата на објектот на Албанскиот театар

Градежниците со блага критика за деловните тенденции во нивниот сектор

Објавено на 19.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежните компании без оптимизам го дочекале крајот на 2017 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, очекувањата за вкупните порачки за градежни работи во четвртото тримесечје од 2017 година биле понеповолни во однос на претходните три месеци. Индикаторот на доверба на раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото бил намален за 0,1% во однос на третото тримесечје, но и зголемен за 0,7% во однос на идентичниот период од 2016 година.

 

 

Оценката за економската состојба во периодот октомври – декември 2017 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна во однос на идентичниот период од 2016 година. Оценката за финансиската состојба е понеповолна во однос на претходното тримесечје од 2017 година. Сепак, градежниците очекуваат дека бројот на вработени ќе се зголеми во наредните три месеци.

 

Раководителите на градежните компании очекуваат во наредниот период да се зголемат продажните цени, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата. Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 19,8%, нема побарувачка со 15%, конкуренција во сопствениот сектор со 11,4% и зголемени финансиски трошоци (камати) со 11,2%.