Претходна статија
ТЕМА: Македонските аеродроми со раст на авиосообраќајот, но има и подобри на Балканот
Следна статија
Строги мерки за заштита на зеленилото со новиот закон изгласан во Собрание

Стопирани проектите за експресниот пат Охрид – Пештани и автопатот Струга – Требеништа

Објавено на 15.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

По сериозните критики искажани од УНЕСКО во официјалниот извештај, Министерството за транспорт и врски се одлучи да ја запре реализацијата на проектите за изградба на експресен пат Охрид – Пештани и за автопатот Струга – Требеништа. Како што јавува „Алсат М“, проектите се сопрени и нема да продолжат пред да се испита влијанието на овие патишта врз животната средина. Ваквата одлука на надлежното министество доаѓа по минатогодишното барање на УНЕСКО за стопирање на изградбата на експресниот пат Охрид – Свети Наум.

 

*Постојниот пат од Охрид до Свети Наум

 

Трасата низ Националниот парк „Галичица“ сериозно ги загрижи експертите од УНЕСКО. „Мисијата на УНЕСКО изразува загриженост од зголемување на сообраќајот и туризмот, како и од другите слични несоодветни инфраструктурни проекти“ беше наведено во официјалниот извештај од Комитетот на УНЕСКО по спроведената реактивна мисија во пролетта 2017 година.

 

Од Министерството за транспорт и врски ќе треба допрва да одлучат што ќе прават со доделените средства во висина од 86 милиони евра за двата патни правци. Во делот на автопатот Струга – Требеништа, можно е да се изврши ревизија и корекција на проектната документација, но кај патот меѓу Охрид и Пештани е спорна самата траса. За основниот проект за овој патен правец веќе беа одвоени 1,3 милиони евра од државниот буџет. Планираниот експресен пат е долг 14,5 километри, со две коловозни ленти од 3,75 метри.