Претходна статија
Продолжува реконструкцијата на велосипедските патеки во Скопје
Следна статија
„Алкалоид“ отвори три нови производни погони

Обновата на патарините на Коридорот 10 ќе заврши до крајот на 2018

Објавено на 11.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска извршија увид во градежните работи за реконструкција и модернизација на наплатната патарина Сопот на автопатот Скопје – Велес. Во согласност со темпото на работа, до крајот на 2018 година ќе биде завршена модернизацијата на патарините долж Коридорот 10. „Од страна на Министерството издадени се одобренијата за градење на сите пет наплатни станици што треба да се реконструираат. Патарината Романовце кај Куманово е веќе во завршна фаза и набрзо ќе биде пуштена во употреба“ изјави Сугарески.

 

*Извор на фотографија: Министерство за транспорт и врски

 

Во фаза на реконструкција во моментов е наплатната станица Сопот. Набрзо ќе започне модернизацијата на патарините Градско и Петровец. Главната цел на проектот е да се изведат дополнителни ленти за возилата на самите патарини, да се воведе електронски систем за наплата, со што ќе се надмине вообичаениот сообраќаен метеж во текот на летните месеци. Министерот Сугарески дополни дека наплатните рампи Демир Капија и Гевгелија се во фаза на издавање одобренија за градење, по што ќе отпочне и нивната реконструкција.

 

Наплатните патарини меѓу Скопје и Велес се обновуваат веќе два месеца. „Рокот за изградба е осум месеци. Целта е Коридорот 10 до крајот на годинава, а овие две наплатни рампи до почетокот на летната сезона, да бидат како што бараат и граѓаните со повеќе ленти, односно со пет ленти“ изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

 

Инвестицијата во модернизација на македонските патарини е во вредност од 18,72 милиони евра, од кои 2,86 милиони евра се обезбедени од државниот буџет, додека 15,86 милиони евра се обезбедени со поддршка од Европската банка за обнова и развој.