Претходна статија
Куманово со европски пари доби нови 26 километри канализациона мрежа
Следна статија
Гасификацијата на Куманово продолжува и во 2018 година

Државата ќе воведува еколошки налепници за возилата за сузбивање на аерозагадувањето

Објавено на 06.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за економија подготвува измени во Законот за возила, со кои ќе се воведат еколошки налепници за сите возила во земјава. Дополнително, со претстојните законски измени ќе се воведат посебни таблици за возилата вклучени во такси превозот, пренесува порталот „Академик“. Ваквите мерки на државата имаат за цел да ублажат два горливи проблеми. Прво, со посебните таблици за таксистите ќе треба да се означат на едноставен начин сите лиценцирани превозници, со што полесно ќе биде препознавањето и казнувањето на нелегалните таксисти.

 

 

Воедно, воведувањето на еколошките налепници за возилата ќе може полесно да го регулира исклучувањето на старите возила од сообраќај во деновите со високо ниво на аерозагадување. Различните бои на налепниците за возилата ќе им овозможат на општинските власти и на полицијата да ги идентификуваат оние возила со постари мотори, кои многу повеќе го загадуваат воздухот. Ваквата мерка доаѓа по загрижувачки високото ниво на аерозагадување во македонските градови.

 

Досегашните научни студии покажаа дека транспортот е еден од трите главни загадувачи на воздухот во земјава. Истовремено, во Македонија секоја година се увезуваат нови возила, најчесто веќе користени половни автомобили од западноевропските земји. Државниот завод за статистика во 2016 година регистрирал рекордни 450.000 возила во земјава. Притоа, најалармантно е зголемувањето на бројката на патнички автомобили. Секоја година се воведуваат во сообраќај нови 20.000 возила, така што во 2016 година биле забележани над 390.000 патнички автомобили.