Општина Гази Баба го потпиша договорот за изградба на фекална канализација во населбата Гоце Делчев. Градежните работи на терен ќе ги изведува велешката фирма „Изгрев инжењеринг“, која е должна да го заврши проектот во рок од 120 дена од воведувањето во работа. Договорот е склучен на крајот на минатиот месец, при што целокупниот проект би можело да се заврши во првата половина од 2018 година. За изведба на фекалната канализација во скопската населба Гоце Делчев се издвоени 7.662.920 денари од општинскиот буџет.
Тендерската постапка за избор на изведувач беше објавена кон крајот на септември 2017 година. Проектот доцни со реализација веќе повеќе од четири години. Постапката за изградба на фекална канализација во населбата Гоце Делчев е дел од пообемен проект со кој треба да се реши проблемот со отпадните води за повеќе од 12.000 жители на населените места Јурумлери, Трубарево и Гоце Делчев.