Претходна статија
Ќе ја добие ли Македонија првата приватна ветерна електрана?
Следна статија
Втора фаза од пренамената на кумановскиот Пионерски дом во детска градинка

Ќе се реконструира дел од водоводната мрежа во Крива Паланка

Објавено на 29.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за транспорт и врски објави тендер за пронаоѓање на градежна фирма што ќе ја врши реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во Крива Паланка. Со претстојниот зафат ќе се изведе замена на постојните азбестцементни цевки на повеќе улици во централното градско подрачје, вклучувајќи ги улиците Моша Пијаде, Партизанска, Херој Карпош, 8 Октомври, 11 Октомври и Борис Кидрич лоцирани на двата брега на Крива Река. Со проектот ќе се надминат проблемите со дефекти во водоснабдувањето, но и со задоволувањето на потребите за питка вода за жителите од овој град.

 

Изведувачот ќе има рок од осум месеци за да ја изврши реконструкцијата на дел од водоводната мрежа во Крива Паланка. Притоа, овој проект е проценето дека ќе го чини државниот буџет околу 16,5 милиони денари. Заинтересираните фирми имаат рок до 23 јануари 2018 година за да ги достават своите понуди за учество на тендерот. По изборот на најповолен изведувач, од Министерството за транспорт и врски ќе пристапат кон реализација на инфраструктурниот зафат.