Претходна статија
Втора фаза од пренамената на кумановскиот Пионерски дом во детска градинка
Следна статија
Уставен суд може да го поништи ДУП-от за населбата Тафталиџе 1

360 милиони денари за поправка на оштетените главни патишта во земјава

Објавено на 29.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Главните автопати и магистрални патишта во земјава догодина ќе бидат навремено третирани при појавата на оштетувања на коловозот. Агенцијата за државни патишта денеска објави тендер за избор на компании што ќе ги вршат поправките и рехабилитацијата на државните патишта од А категорија. Станува збор за патиштата од највисок ранг, во кој влегуваат автопатите и магистралните патни правци во земјава. За нивното континуирано одржување во наредните 12 месеци е предвидено да се инветираат околу 360 милиони денари.

 

 

 

Крпењето на ударните дупки и заливањето на пукнатините на овие патишта се едни од главните градежни зафати што ќе треба да се реализираат по потреба и укажување за одредена делница од страна на Агенцијата за државни патишта. Заинтересираните фирми од градежниот сектор имаат рок до 1 март 2018 година за да ги достават своите понуди. Главен критериум за доделување на договорите е најниска цена.