Две населени места од општините Карбинци и Чешиново – Облешево добија пречистителни станици за отпадни води. Двата објекта во вредност од 55 милиони денари ќе ги опслужуваат населените места Карбинци и Кучичино. Најголем дел од финансиските средства за овие инфраструктурни зафати се обезбедени преку Швајцарскиот секретаријат за економски работи. Објектите се градеја во изминативе две години. Градежните работи ги реализираше хрватската фирма „Екоина“ од Загреб.
Проектот за пречистителната станица за отпадни води во селото Карбинци е дел од пообемниот зафат за заштита на водите на реката Брегалница. Со проектот од Швајцарската влада ќе се регулира одведувањето на отпадните води за околу 7.000 жители од населените места крај течението на реката Брегалница.