Претходна статија
Со воз до Белград за 27 евра, за Будимпешта за 49 евра повратна карта
Следна статија
„Карпош АД“ ќе го доградува водоснабдителниот систем во Гевгелија

Заврши изградбата на вториот сегмент од автопатот Приштина – Скопје

Објавено на 22.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска го пушти во употреба вториот сегмент од автопатот „Арбен Џафери“, кој е предвидено да ги поврзе Приштина и Скопје. Владата на нашиот северен сосед и денеска стави до знаење дека целосната траса на косовска територија ќе биде изградена до крајот на 2018 година. Идниот автопат со должина од 60 километри ќе завршува на косовската страна од граничниот премин „Блаце“, од каде нашата земја ќе треба да ја продолжи неговата изградба.

 

Изградбата на автопатот „Арбен Џафери“ тече во согласност со предвидената динамика. За проектот се обезбедени финансиски средства од 820 милиони долари. Градежните работи на терен ги изведува американско – турскиот конзорциум „Бехтел – Енка“, кој претходно го изгради и автопатското поврзување на Косово со Албанија. Овој патен правец ќе има два тунела, од кој најдолг ќе биде оној кај градот Качаник, со должина од 2,2 километри.

 

За преостанатите десетина километри од преминот „Блаце“ до македонскиот главен град веќе се обезбедија средства од нашата влада за изработка на основен проект за оваа автопатска делница преку добиениот грант од управувачкиот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан. Проектната документација од наша страна треба да се изработи во текот на наредната година, но и да се изнајдат финансиски средства за изведба на автопатот.