Претходна статија
Германија донира 9 милиони евра за два инфраструктурни проекта во земјава
Следна статија
Изложба на фотографии и документација од Урбани уметнички акции во Скопје

Почна втората фаза од регулацијата на Липковска река

Објавено на 21.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон денеска во Липково го одбележаа почетокот на градежните работи од втората фаза на проектот за регулација на Липковска река. Проектот е дел од заедничките напори на Министерството за животна средина и просторно планирање и УНДП за подобрување на состојбата во државата по однос на заштитата од поплави во регионите под висок ризик.

 

*Извор на фотографија: Министерство за животна средина и просторно планирање

 

Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди долгогодишна заштита од поплави во Липковскиот регион, но и естетски ќе се уреди коритото на Липковска река. Со претстојниот зафат ќе се доврши регулацијата на реката во должина од 400 метри. За проектот се издвоени околу 200.000 американски долари и се изведува со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Покрај Липковска река, со финансиска поддршка од УНДП во изминатиов период се работеше и на регулирање на коритото на Слупчанска река на територијата на Липково.