Претходна статија
Почна втората фаза од регулацијата на Липковска река
Следна статија
„БИМ Инвест Инженеринг“ сака да го преземе штипски „Бетон“

Изложба на фотографии и документација од Урбани уметнички акции во Скопје

Објавено на 21.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во Мобилната монтажна Галерија вечерва се отвори изложбата на фотографии и документација од Урбаните уметнички акции во Скопје. Изложбената поставка се состои од повеќе од 40 фотографии од урбаните акции работени во изминативе две години. Проектот Урбани уметнички акции ги откриваше, реагираше, комуницираше, а во одредени случаи и делумно ги решаваше локалните проблеми со кои граѓаните се соочуваат преку заеднички организирани акции на уметниците, архитектите, активистите, невладиниот сектор и граѓаните кои беа соочени со проблемите.

 

 

„Проектот е базиран на партиципативните модели на решавање на урбаните (комунални) проблеми преку спроведување најразлични креативни акции, кои покрај директните пораки за решавање на детектираните проблеми, ќе овозможат и едукација и поврзување на граѓаните со уметниците/архитектите и граѓанските активисти и нивен заеднички пристап за решавање на други нови проблеми. Едновремено проектот користи уметнички пристапи и уметничка реализација и продукција за позитивно да влијае на урбаниот пејсаж вообличувајќи го и давајќи му додадена вредност со нови и иновативни естетски решенија“ се наведува во соопштението за организираната изложба.

 

Урбаните акции се идеја и концепт на Центарот за Современи уметности а се поддржани од: Програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, Европската културна фондација и Фондацијата Отворено општество.