Претходна статија
Изложба и предавање за постземјотресно Скопје на Владимир Десков во Њујорк
Следна статија
ФЕЉТОН: Детален урбанистички план за целиот центар на Скопје никогаш не се изработил по земјотресот (12)

За заштита на воздухот лани сме издвоиле само 1,7% од трошоците за животна средина

Објавено на 15.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нова публикација за заштитата на животната средина и повторени негативни рекорди во нашата земја. Според намената на инвестициите и трошоците за заштита на животната средина во 2016 година, само 1,7% од нив се одвоиле за заштитата на воздухот. Најголемо е учеството на трошоците за постапување со отпадот (72%), а по него следуваат трошоците за циркулацискиот систем за снабдување со вода (11,7%). Овие поразителни резултати се изнесени во најновата публикација „Статистика на животната средина, 2017“, која денеска беше објавена од Државниот завод за статистика.

 

 

Статистичарите пресметале дека вкупната годишна емисија на загадувачки супстанции во воздухот постепено опаѓала во периодот од 2010 до 2015 година. И покрај надолниот тренд на загадувањето на воздухот, главен проблем остануваат согорувачките процеси како главен извор за емисија на загадувачки супстанци. Затоплувањето на домаќинствата и останатите согорувачки процеси учествуваат со околу 77% од емисиите на загадувачки супстанци во воздухот. Транспортот учествува со околу 14%, додека производствените процеси имаат удел во загадувањето со околу 6,5%.

 

Покрај загадувањето на воздухот, голем проблем за заштитата на животната средина во Македонија е и зачувувањето на водите. Државниот завод за статистика пресметал дека дури 40,1% од вкупниот број станови во нашата земја не се опремени со инсталации што ги спроведуваат отпадните води во јавната канализација. Па така, 20,6% од домаќинствата користат септички јами, 12,2% од домаќинствата своите отпадни води ги насочиле кон слободен истек во околната средина, додека 7,4% од домовите немаат никаква инсталација за спроведување на отпадните води.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk