Претходна статија
Ќе се конзервира црквата Свети Никола во мариовското село Манастир
Следна статија
ЕБОР со 5 милиони евра ќе ја поддржи енергетската ефикасност во земјава

Нови 12,7 милиони денари за довршување на објектот на ФДУ

Објавено на 12.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Владината служба за општи и заеднички работи на 6 декември склучила договор за изведување на дополнителни работи за доградба на административниот објект на Факултетот за драмски уметности и јавна администрација во центарот на Скопје. За ова здание од проектот „Скопје 2014“ ќе се одвојат додатни 12.701.402 денари во насока на завршување на недовршените градежни работи. Со овој најнов договор се зголеми вкупната вредност на изградбата на овој објект на 1.231.776.627 денари (околу 20 милиони евра).

 

 

Според информациите објавени од Бирото за јавни набавки, изведбата на дополнителните работи ќе се заврши во рок од пет месеци. Договорот е склучен низ постапка со преговарање без претходно објавување на оглас, поаѓајќи од фактот што компанијата „Гранит“ од Скопје ја изведуваа оваа зграда од самиот почеток. Објектот со површина 19.134 метри квадратни се простира на приземје, седум ката и поткровје.

 

Изградбата на ова административно здание доцни повеќе од две години. Во „барокниот“ објект треба да се смести Факултетот за драмски уметности, но и следниве државни институции: Управа за финансиска полиција, Комисија за односи со верски односи, Агенција за администрација, Агенција за планирање на просторот, Државен завод за индустриска сопственост, Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Биро за регионален развој, Агенција за цивилна воздушна пловидба, Дирекција за технолошки и индустриски зони и дел од Управата за јавни приходи.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk