Претходна статија
Зголемени трошоците за изградба на индивидуални куќи
Следна статија
За два месеца ќе бидат изработени проектите за санација на македонските чаршии

Лукаш Станек одржа предавање на Архитектонскиот факултет

Објавено на 06.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Лукаш Станек, предавач на Истражувачкиот центар по архитектура при Универзитетот во Манчестер, на Архитектонскиот факултет во Скопје завчера одржа предавање на тема „Архитектите од социјалистичките земји во западна Африка од ерата на Студената војна: Отворањето кон светот на искуството од Источна Европа“. Во своето предавање, тој ги претстави резултатите од неговото долгогодишно истражување од областа на историјата на архитектурата, насочено кон проучување на ангажманот на архитектите, урбаните планери и градежните претпријатија од поранешните социјалистички земји во постколонијална Гана и Нигерија во 60-те и 70-те години од минатиот век.

 

*Извор на фотографија: Архитектонски факултет

 

Како што информираат од Архитектонскиот факултет, Лукаш Станек во своето предавање истакнал дека архитектите од Унгарија, Полска и поранешна Југославија активно работеле во овие две африкански земји. При нивното творештво, тие неретко правеле паралели помеѓу историското искуство на Источна Европа и западна Африка, сфатени во контекст на нивната неразвиеност, колонизираност и периферност. Овие архитекти успеале да развијат и применат дистинктивни проектански алатки и постапки карактеристични за централноевропската архитектонска култура, кои подоцна нашле начин да ги применат работејќи во земјите од западна Африка.

 

Предавањето на д-р Лукаш Станек се одржа во рамки на програмата „360“ и беше поддржано од Амбасадата на Република Полска во Македонија.