Претходна статија
Излагање на архитект Мартин Пановски на Архитектонскиот факултет при УКИМ
Следна статија
Готова е проектната документација за пругата Кичево - Лин

Презентирана анализата за намалување на ризикот од поплави во Скопје

Објавено на 30.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

„Физибилити анализа на можностите за намалување на ризикот од поплави во Скопскиот регион“ е името на студијата која Град Скопје ја изработи во соработка со УНДП, а која денеска беше презентирана пред јавноста. На презентацијата на овој значаен документ присуствуваа претседателот на Советот на град Скопје Љубица Јанчева и постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон. Љубица Јанчева истакна дека во документот се сублимирани сите активности, анализи и моделирања во делот на поплавите во секторот води, во Стратегијата за климатски промени.

 

 

„Град Скопје е подготвен да ја преземе лидерската улога за сите проекти што во иднина треба да се развиваат и да се реализираат“ изјави Јанчева. Постојаниот претставник на УНДП Луиза Винтон објасни дека темата со поплавите кај нас станала особено актуелна по поплавите во 2015 година и минатогодишната поплава во Скопје. Таа нагласи дека треба да се работи систематски во насока на намалување на ризиците од поплави, имајќи го предвид доброто и безбедноста на луѓето.