Министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта отпочнаа со реализација на проектот за реконструкција на 12 регионални патишта во земјава, чија вкупна должина изнесува 166 километри. ЈП за државни патишта веќе потпиша договор со проектантска компанија за изработка на концептуални проекти и тие проекти се очекува да бидат готови за четири месеци. Преку кредит од Светската банка за оваа намена се обезбедени финансиски средства во висина од 14 милиони евра.
Во владината програма за санација на патната инфраструктура се влезени следниве регионални патишта: регионален пат Р1207 (од Младо Нагоричане до граница Пелинце во должина од 19 километри), државен пат А3 (од Делчево до Звегор во должина од 5 километри), државен пат А4 (од Струмица до граница со Бугарија во должина од 20 километри), регионален пат Р1106 (од Јурумлери до Драчево во должина од 5 километри), регионален пат Р1107 (од Кавадарци до Росоман во должина од 11 километри), регионален пат Р1109 (Дедели-Фурка-Богданци-Гевгелија во должина од 24 километри), регионален пат Р1204 (од Куманово до Свети Николе во должина од 25 километри), регионален пат Р1209 (од Тетово до Попова Шапка во должина од 15 километри), регионален пат Р1302 (од Делчево до Пехчево во должина од 15 километри), регионален пат Р1304 (од Берово до Виница во должина од 7 километри), регионален пат Р1305 (од Битола до Демир Хисар во должина од 10 километри) и регионален пат Р2131 (од Драчево до Таор) во должина од 10 километри.