Претходна статија
Шпански „Рубау“ бара дополнителен рок за првата фаза од експресниот пат Градско - Прилеп
Следна статија
Наместо до 2022 година, пругата кон Албанија ќе биде готова до 2030 година

1.793 домаќинства ќе добијат субвенции за вградени сончеви колектори

Објавено на 22.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за економија ја објави листата на извлечени добитници на субвенциите за инсталирани сончеви колектори во домаќинствата. Вкупно 1.793 граѓани ќе добијат делумен надоместок на трошоците за вградување на соларен колектор во нивните домови. Од надлежното министерство во наредниот период ќе треба да ги уплатат финансиите на трансакциските сметки на граѓаните, кои од државниот буџет можеа да покријат до 30% од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.

 

Субвенционирањето на домаќинствата за инсталирање сончеви колектори започна во 2007 година. Од Министерството за економија со реализацијата на овој проект сакаат да го поддржат ползувањето на обновливи извори на енергија од страна на домаќинствата. Доделувањето на добитниците се врши по пат на извлекување на добитниците од пристигнатите пријави на граѓаните во периодот од февруари до август во текот на една година.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk