Претходна статија
Нова еко населба кај Бардовци и Злокуќани
Следна статија
Истражувачка сторија на „Плоштад Слобода“ за регулацијата на коритото на Вардар

ФОТО ВЕСТ: Се кити гобленската зграда на АДСДП кај Македонска опера и балет

Објавено на 25.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Наместо во затворен простор, Македонска опера и балет во иднина ќе може да одржува дел од својот репертоар и на отворена сцена пред соседниот објект. Градежни работници деновиве ја китат гобленската зграда на АДСДП, лоцирана до објектот на МОБ. Шупливи антички столбови и декоративни елементи, скулптури и релјефи на светци, ангели и на Господ што чинат милиони денари се лепат и редат на завршената фасада на „барокниот“ објект залепен до зградата на МОБ. До каде ќе се оди со китењето на објектот никој не може да знае, земајќи го во предвид фактот дека на информативната табла на градилиштето не е прикажана визуелизација на идејното решение.

 

За „барокната“ кулиса до зградата на МОБ досега се потрошија 616.677.091 денари. Во овој објект како инвеститор се јавува Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Градежните работи на терен ги изведува фирмата „ДЕКОН – КОМ“ од Скопје. Изградбата на новата административна зграда на АДСДП започна во септември 2015 година.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk