Претходна статија
ФЕЉТОН: Планот за приградската зона на Скопје - основа за рамномерен развој на главниот град (8)
Следна статија
Општина Карпош ја казнува узурпацијата на јавниот простор од градилиштата

Проектот „Нада“ на Јасмина Цибиќ од 23 ноември ќе гостува во Чифте амам

Објавено на 20.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Со предавањето „Рихтер – Цибиќ“ што ќе го одржи Весна Мештриќ, кураторка од Музејот на современа уметност во Загреб, на 23 ноември, во Чифте амам во Скопје, ќе биде биде отворено гостувањето на проектот „Нада“ на авторката Јасмина Цибиќ. Првиот чин на новиот проект на авторката доаѓа од биографијата на архитектот и уметник Вјенцеслав Рихтер. Основата на проектот „Нада“ се чини дека се оригинално дизајнираните, но нереализирани решенија на архитектот Рихтер за југословенскиот павилјон на Експо 1958 година во Брисел, кои уметницата ги презема и гради како скулптура која е столбот на нејзиниот нов краток филм.

 

 

Во оваа едноканална видео инсталација виолинистката Дејана Секулиќ постојано ја прилагодува архитектурата на музичката нотација „Чудесниот Мандарин“, музичка композиција за балет, на Бела Барток, која била уметничко дело избрано да ја презентира Југославија во својот најважен момент во Брисел – Национални денови – кога целта била да се зголеми јавниот интерес. Фактот дека балетот е избран за презентација во најрепрезентативниот момент сам по себе е интригантен, бидејќи токму тоа дело било системско забранувано од различни политички системи заради неговото експлицитно дејство – конфликт на проститутка и нејзините клиенти и заводници.

 

На претстојната изложба во Скопје ќе бидат претставени видео инсталациите „Нада, акт I“, „Нада, акт II“ и „Нада, акт III“. Куратор на проектот е Ана Франговска. Изложбата ќе биде отворена до 4 декември.