Претходна статија
Дождот поплави половина музеи и театри во Скопје
Следна статија
Модернизирани две трансфостаници во Пелагонискиот регион

За 3,7% се намалил бројот на превезени патници во патниот превоз

Објавено на 17.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Патниот патнички превоз бил намален за 3,7% во третото тримесечје од 2017 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 6,8%, во приградскиот превоз за 3,5%, во меѓуградскиот превоз е зголемен за 11,7%, додека во меѓународниот превоз зголемувањето изнесува 12,6% во споредба со периодот од јули до септември 2016 година. Јавниот превоз низ македонските градови го користеле вкупно 9.314.000 патници во третото тримесечје од годинава. Во приградскиот превоз се транспортирани 5.810.000 патници, додека во меѓуградскиот превоз биле регистрирани 1.800.000 патници. Во странските земји со автобус патувале 277.000 патници.

 

 

Во однос на второто тримесечје од 2017 година, вкупниот број на превезени патници во периодот јули – септември 2017 година е намален за 19,1%. Според видот на превозот, бројот на превезени патници во градскиот превоз е намален за 15,6%, во приградскиот превоз за 28,7%, во меѓуградскиот превоз за 4,4%, додека во меѓународниот превоз е зголемен за 33,2%.