Македонските градежни компании со намален обем на работа на странските пазари. Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – септември 2017 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.303.553.000 денари, што е за 16,6% помалку во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 1.237.687.000 денари, што е за 38,8% помалку во однос на истиот период лани.
Во овој временски период е забележано драстично намалување на договорените за во иднина и на веќе извршените градежни работи на најголемиот странски пазар – Босна и Херцеговина. Во исто време, градежниците имаат зголемен обем на договорени проекти за реализација во Холандија и во Германија.