Претходна статија
За пет пати намалена добивката на скопски „Бетон“ во 2017 година
Следна статија
Штипски „Бетон“ со минус во работењето од 63,6 милиони денари

„Гранит“ со стабилна добивка од работењето во висина од 181 милион денари

Објавено на 15.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Градежната компанија „Гранит“ од Скопје во периодот јануари-септември 2017 година остварила позитивен финансиски резултат од работењето во висина од 181.233 илјади денари. Одржаниот континуитет во севкупното работење се должи на стабилните приходи од продажбата на домашниот и на странските пазари, се наведува во неревидираниот и неконсолидиран извештај објавен на веб-страницата на Македонска берза. Приходите од продажба на домашниот пазар се зголемени во споредба со идентичниот период лани.

 

 

Во делот на расходите, кај „Гранит“ е забележано зголемување на набавната вредност на трговски стоки, услугите со карактер на материјални трошоци и набавната вредност на продадени материјали, резервни делови, ситен инвентар, амбалажа и автогуми. Овие ставки имаат најголем удел во зголемувањето на расходите. Во споредба со идентичниот период од минатата година, „Гранит“ од Скопје остварил идентична добивка од своето работење.