Неповолни финансиски резултати од работењето на градежната фирма „Бетон“ од Штип во периодот јануари-септември 2016 година. Во првите девет месеци се остварени загуби од севкупното работење во висина од 63.651 илјади денари, се наведува во неревидираниот и неконсолидиран извештај објавен на веб-страницата на Македонска берза. Колку за споредба, во идентичниот период лани оваа фирма остварила добивка од 29.211 илјади денари од севкупното работење.
Приходите од продажбата на домашниот пазар во овој временски период се заокружени на 304.560 илјади денари, што е речиси двојно помалку во споредба со периодот јануари-септември 2016 година. На расходната страна, во првите девет месеци е забележано најголемо зголемување кај набавната вредност на трговски стоки. Позитивно придвижување во текот на 2017 година е регистрирано кај приходите од вложувања, заеми, камати и курсни разлики.