Претходна статија
Се обновува коловозот на автопатот на влезот во Скопје
Следна статија
„Тетрактис“ со Гран-при награда на архитектонски фестивал во Минск

Општина Центар со 7 милиони денари ќе го одржува уличното осветлување

Објавено на 14.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

За одржување на уличното осветлување во централното градско подрачје на Скопје ќе се одвојат 7 милиони денари. Општина Центар го објави тендерот за избор на компанија што во наредните 12 месеци ќе го сервисира јавното улично осветлување на подрачјето на оваа општина. Избраниот најповолен понудувач ќе треба сукцесивно да ја врши промената на светилките врз основа на утврдените потреби. Во објавениот тендер се наведува дека главниот критериум за доделување на набавката е понудената најниска цена. Заинтересираните фирми ќе имаат рок до 4 декември за да ги достават своите понуди до Општина Центар, за кога е закажано и нивното јавно отворање.

 

 

Претходното раководство на Општина Центар во 2016 година промовираше проект за замена на уличните светилки со ЛЕД светилки на целата територија на оваа општина. Проектот во вредност од 2 милиони евра остана нереализиран, иако општинските власти проценуваа дека со новите светилки ќе заштедат 3.850.000 евра.