На кејот на реката Вардар во близина на скејт паркот денеска беше отворена десеттата „Кока-Кола активна зона“, која Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола ја донираа на Градот Скопје. Активната зона свечено ја отворија скопскиот градоначалник Петре Шилегов и директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје Ламбро Патче. Оваа фитнес зона на отворено е опремена со најсовремени професионални справи за вежбање, достапни 24 часа на сите граѓани без никаков надомест. Оваа активна зона е втора донација во Скопје, по првата која минатата година беше отворена во Општина Гази Баба.
*Извор на фотографија: Град Скопје
„Кока-Кола активната зона е од големо значење за Градот Скопје и апелирам до граѓаните на нашиот град да ја чуваат и да се грижат за неа. Исто така, ги повикувам сите компании да го следат овој позитивен пример за општествена одговорност и да покажат поголема корпорациска одговорност“ изјави градоначалникот Петре Шилегов. Проектот за изведба на фитнес зони во македонските градови е дел од глобалната платформа на Пивара Скопје и компанијата Кока-Кола за промоција на физичките, спортски и рекреативни активности и вложување во заедницата.