Претходна статија
Предавање „Пејсажна архитектура меѓу пракса и академија“ на Архитектонскиот факултет
Следна статија
Швајцарската амбасада ќе донира пречистителна станица на водата за пиење во Делчево

Градоначалникот Шилегов вети ново решение за сообраќајниот метеж на Водно

Објавено на 06.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Наместо рекреативна прошетка и чај на планина, стотици жители на Скопје и вчера останаа заглавени на патот што води кон Средно Водно. Автобусите од линијата „25“ се заглавија во метежот од автомобили паркирани долж патот, така што полицајци мораа да го регулираат сообраќајот во двата правци. Оние патници што се искачија на пола пат со автобус, требаше да се вратат назад кон Скопје. Автобусите не можеа да се искачат нагоре, со што постарите жители на градот не успеаја да стигнат на Водно. Низ врвулицата од луѓе имаше сешто – од велосипедисти, пешаци, автобуси и стотици автомобили. Чиста среќа е како досега не се случила посериозна сообраќајна несреќа на ова место.

 

*Сообраќајниот метеж на Водно во текот на вчерашниот ден

 

Еден ден по викендот и реакциите на социјалните мрежи, новиот скопски градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција изјави дека е разработен план за сообраќајно решение на Водно. Неговата реализација би била по 15 ноември, со што ќе се реши метежот од автомобили за време на викендите. „Начелно ќе има два пункта од кои ќе поаѓаат посебни градски линии. Едниот е кај паркингот кај „Нова Македонија“, а другиот е кај катната гаража спроти „Макпетрол“. Поминувањето на автомобилите би се затворило кај новиот пат за Сопиште, кој е пробиен. Граѓаните ќе можат и да ги паркираат своите автомобили на безбедно место и да ги користат услугите кои ги дава „ЈСП Скопје“, како би можеле да стасаат до Водно“ изјави градоначалникот Шилегов.

 

 

Текст, фото: Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk