Претходна статија
Владата ќе инвестира 86 милиони евра во реконструкција на 26 патни правци
Следна статија
Ќе почека воведувањето на нов систем за управување со осветлувањето во Скопје

Дрвени монтажни куќи во Скопје – долгорочна и исплатлива инвестиција

Објавено на 01.11.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во развиените западни земји последниве 20-тина години куќи почесто се градат од дрво, отколку со друг градежен материјал. Не постои предрасуда дека дрвените монтажни објекти се привремени, или наменети само за викендици, туку напротив тоа се долготрајни градби, со одлични градежни карактеристики, кои нудат бројни поволности за секојдневно живеење.

 

 

Добро е познато дека дрвото важи за квалитетен изолатор, овозможувајќи одлична звучна и топлинска изолација. Дрвените куќи можат да одолеат на ветар со брзина од 200 км/час, на пожар, а поради својата еластичност гарантираат постојаност и при силни земјотреси и движење на земјиштето.

 

Во Македонија предрасудите поврзани со дрвените монтажни куќи се пред се поради нискиот квалитет на досегашните градби со дрво, и од несоодветниот материјал кој се употребувал. Како за споредба едни т.н. “зимски” држави како Финска, Норвешка, Русија, Германија многу повеќе градат од дрво, отколку со други градежни материјали, бидејќи се свесни за придобивките на објектите од дрво. Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен, и доколку дрвото правилно се одржува, животниот век е многу долг. Благодарение на германската технологија за обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите, секако и со познавањето карактеристиките на различните видови дрво имаме можност да креираме трајни објекти кои го облагородуваат просторот, објекти кои едноставно ги одземаат воздишките на луѓето, велат од компанијата Гео-Инг.

 

 

“Дрвото е совршен градежен материјал во природна смисла, порозно е и дише, т.е. овозможува оптимална влажност и топлина, а температурата на дрвените трупци во внатрешноста секогаш е еднаква на температурата на воздухот во тие простории. Дрвото по обработката и поставувањето се третира со водоотпорни премази, ефикасно спречувајќи влага. Дрвото го спречува статичкиот електрицитет и циркулација на прашината во просториите” сметаат градежниците.

 

Исто така покрај градежните својства, архитектите ја истакнуваат и високата естетска вредност на дрвото која придонесува во изгледот на одреден објект. Објектите од дрво се и поефтини од другите градби, што е дополнителна поволност.

 

 

Оосбено успешна на ова поле е компанија Гео-Инг http://www.geo-ing.com/. Нејзините основачи кои по професија се инженери успееја нивното долгогодишно работно искуство во високо технолошки развиени германски фабрики да го пренесат и во Македонија. Овозможија германската технологија на обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите, да биде достапна на нашиот пазар.

 

Тоа резултира да имаме објекти кои одлично се вклопуваат со околната природа. Објекти кои користат видови на дрво со одлични технички карактеристики како конструктивен материјал, кои се карактеризираат со висока густина, одлични јакосни својства, лесно се обработуваат и имаат димензиона стабилност, но исто така не треба да се заборави и нивната естетска вредност. Монтажните објекти, дрвени фасади, перголи, настрешници, огради, дрвени подови, детски игралишта, мебел за во градина се дел од производите кои оваа компанија ги изведува.