Министерството за економија потпиша договор за поставување на туристичка сигнализација на неколку локации низ земјава. Воведувањето на информативни табли ќе придонесе за запознавање на посетителите на земјава со потенцијалите на позначајните туристички места. Поставувањето на сигнализацијата ќе го изведува скопската фирма „Скрин Принт“, за што ќе и бидат исплатени околу 2.000.000 денари. Новите информативни табли треба да се изведат во наредните 12 месеци.
Поставувањето на информативни табли за туристите што ја посетуваат Македонија започна пред неколку години. Тогаш се поставија 115 информативни табли за сите позначајни културно – историски места долж патиштата од паневропските Коридори 8 и 10.