Претходна статија
Два нови тендери за изградба на канализација во Струга и Прилеп
Следна статија
Втор повик за изработка на проектни решенија за санација на македонските чаршии

25,1 милиони денари за довршување на водоснабдителниот систем во Липково

Објавено на 20.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за животна средина и просторно планирање потпиша договор за довршување на водоснабдителниот систем на територијата на Општина Липково. Проектот опфаќа изградба на дел од доводниот цевковод за водоснабдување на населените места на потегот од централната разделна шахта до приклучната шахта за селото Никуштак, за што од државниот буџет се обезбедени 25.140.346 денари. За изведувач на градежните работи е избрана скопската фирма „Бауер БГ“, а рокот за изведба е 16 месеци.

 

Изградбата на водоснабдителниот систем во Липково започна уште во текот на 2014 година, но до денешен ден овој проект не е комплетиран. Во изминативе години се работеше на првиот и третиот крак од водоводот за липковските села, за што се одвоија околу 58 милиони денари. Со претстојниот зафат ќе се вклучат дополнителни села кон регионалниот систем за водоснабдување во Липково.