Вевчани ја доби првата бензиска станица на своја територија. „Макпетрол“ денеска го пушти во употреба нивниот најнов објект со површина од околу 8.000 метри квадратни, лоциран на магистралниот пат Струга – Дебар. Во новата бензинска станица се инвестирани 120 милиони денари и се отворени девет работни места. Објектот е изграден по највисоките технички и безбедносни стандарди. „На потрошувачите ќе им понудиме широка палета на производи, квалитетни бензини и дизел горива, како и авто ТНГ гориво, а во план е и проширување на понудата со изведба на метанска инсталација“ изјави Љупчо Георгиевски, директор за малопродажба на „Макпетрол“.
*Извор на фотографија: „Макпетрол“.
„Макпетрол“ е најголемиот дистрибутер на горива во нашата земја. Основана пред 70 години, оваа домашна компанија денеска има 127 бензински станици низ цела Македонија и вкупно 1.800 вработени.