Претходна статија
Виена домаќин на архитектонска изложба за повоено Скопје
Следна статија
12 милиони евра за реконструкција на патот Крива Паланка - Деве Баир

Прво филтри на оџаците, па потоа „Југохром“ ќе го стартува производството

Објавено на 12.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, управителот на „Југохром“ од Јегуновце Васко Скендеровски и претседателот на синдикатот на „Југохром“ Бајрам Алити денеска го потпишаа меморандумот за изнаоѓање решение за натамошната работа на комбинатот од ова тетовско село. „Со овој Меморандум секоја од страните се обврзува дека ќе ги заврши сопствените задачи во најкраток можен рок. На инвеститорот му е дадена сигурност дека ако ги направи планираните инвестиции, Владата ќе ги заврши сите правни процедури за да се овозможи започнување на работата на комбинатот во најкраток можен рок“ изјави вицепремиерот Анѓушев.

 

 

Васко Скендеровски, управител на „Југохром“, објасни дека системот за отпрашување ќе биде изграден во етапи, а неговата вкупна вредност ќе изнесува 12 милиони евра. Првата етапа, која опфаќа инсталирање на филтри за отпрашување на блоковите 7 и 8, ќе чини околу 4,5 милиони евра и се очекува да биде завршена до април-мај 2018 година. Тој дополни дека морале да чекаат 18 месеци за да се добие градежна дозвола. Со денешниот меморандум се задоволни сите тројца потписници на меморандумот, но само ако се реализира она што е ветено од секоја страна.

 

Добивањето на А-интегрираната еколошка дозвола за работа е главниот услов за продолжување на производството и работата на „Југохром Алзар“. Фабриката ќе биде во мирување до завршување на процедурата за добивање на потребната дозвола.