Претходна статија
Август ни донел двојно поголема бројка на предвидени станови за градење
Следна статија
70 милиони денари за нови водоводи во Виница и Желино

Новите станбени згради во Тафталиџе ќе проголтаат 41 милион денари од градскиот буџет

Објавено на 10.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Во скопската населба Тафталиџе ќе мора да се гради нова подземна инфраструктура за да се задоволат потребите на зголемениот број жители во десетиците нови станбени згради. Градот Скопје денеска објави два тендера за изведба на водоводна, атмосферска и фекална канализација за улиците „Лондонска“ и „Московска“ на потегот помеѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Проценетата вредност на двата тендера е над 41 милион денари, при што финансиите за овие градежни активности ќе треба да се обезбедат од градскиот буџет.

 

 

Според податоците објавени од Бирото за јавни набавки, заинтересираните компании за учество во тендерската постапка ќе имаат рок до 31 октомври, односно до 1 ноември, за да ги достават своите понуди. Овие два тендера не се единствените проекти во кои пари од граѓаните се слеваат во инвестиции за приватни објекти. Долги години наназад во централните скопски општини, особено во Центар, Аеродром и Карпош, инвеститорите градат станбени објекти, по што од локалните буџети се финансира изградбата на неопходните паркиралишта за новите згради или се асфалтираат раскопаните улици и тротоари оставени од инвеститорите.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk